Панатинаикос после 13 години ќе игра во финалето на Евролигата

Кошаркарите на Панатинаикос се први финалисти на Европлигата, откако го добија полуфиналето против Фенербахче на фајнл-фор турнирот во Берлин со 73-57. За составот од Атина ова ќе биде прво финале на Евролигата после она во 2011-тата година, кога и за последен пат се искачија на врвот на кошаркарска Европа.

Мечот започна со доминација на Панатинаикос и со +9 после првата четвртина, но Фенербахче веднаш врати со +7 во вториот период за минимални два разлика за грците на полувреме. Предноста на кошаркарите во зелено порасна на +6 на крајот од третата четвртина, но завршниот удар, кошаркарите на Панатинаикос го зададоа во последната четвртина која ја добија со убедливи +10 поени разлика за голема радост кај нивните навивачи во „Убер арената“ во Берлин.

Противник на Панатинаикос во големото финале ќе биде победникот од второто полуфинале во кое се среќаваат Реал Мадрид и Олимпијакос.

- Оглас -

Најнови вести