Официјално: Дубаи е нов член на јадранската АБА лига

Новоформираниот кошаркарски клуб Дубаи и официјално од следната сезона ќе биде дел од јадранската АБА лига. Ова попладнево го соопшти раководството на лигата. Договорот со клубот од Емиратите е со важност од три сезони, со можност за продолжување, а Дубаи на останатите екипи ќе им плати 7.5 милиони евра за учеството во лигата.

„Клубовите од АБА лигата ја препознаа визијата за остварување на двата приоритетни цели. Прво, да се зголеми квалитетот на натпреварувањето, и второ, да се отвори вратата за нов пазар и АБА лигата да стане лига кој генерира профит за своите акционери.“ – рече претседателот на АБА лигата, Дубравко Кметовиќ.

Задоволство од постигнатиот договор и кај раководните луѓе на новиот клуб.

„Со нетрпение ги очекуваме натпреварите во ‘Кока кола арената’ во Дубаи, каде љубителите на кошарката ќе може да уживаат во врвни натпревари.“ – вели Абдул-Сеид Ал-Набодах, претседателот на КК Дубаи.

Македонската кошарка и следната сезона нема да има свој претставник во најквалитетното јадранско друштво, а очекувањата се дека ќе ја задржиме квотата од три екипи во второлигашката конкуренција, каде треба да настапат МЗТ Скопје, Пелистер и Работнички.

- Оглас -

Најнови вести