Рибери слета во Фиренца!

Фиорентина ретко купувала ѕвезди од други лиги, па затоа трансферот со кој ги обезбедија услугите на легендарното француско крило Франк Рибери е историски за Виолетовите.

Купувањето на Габриел Батистута од Бока јуниорс во 1991 година е најдобриот трансфер во историјата на клубот, Бати-гол е прв стрелец на Фиорентина на сите времиња, во 1992 го донесоа Штефан Ефенберг, а од тогаш, познати играчи носеа само од Серија А.

Затоа, во Фиренца со голем ентузијазам го слават доведувањето на Рибери, кој рече дека за Фиорентина и Фиренца слушал убави зборови од Лука Тони и дека му се допаѓа италијанскиот јазик. Околу 300 фанови го пречекаа, по што Рибери ќе оди на лекарски прегледи. Претставувањето е закажано за утре.

- Оглас -

Најнови вести