Ричарлисон почнува „војна“: Ван Дајк е добар, но има тројца подобри од него

Во недела, на „Гудисон парк“ Ливерпул ќе се обиде да ја запише првата од двете победи кои им се потребни за математички да ја обезбедат титулата во Премиер лигата. Црвените во рестартирањето на сезоната гостуваат кај градскиот ривал Евертон, а атмосферата веќе ја вжештуваат играчите пред неделната пресметка.

Офанзивецот на Карамелите, Ричарлисон, го пофали стоперот Вирџил ван Дајк, еден од клучните играчи во составот на Клоп, меѓутоа пред него наброи тројца други дефанзивци кои според него, се подобри од Холанѓанецот. Ричарлисон го одбра бразилскиот стоперски тандем на ПСЖ, како и капитенот на Реал Мадрид како поквалитетни одбранбени играчи пред Ван Дајк.

„Луѓето многу зборуваат за него. Да, тој е одличен дефанзивец, но јас веќе успеав да го поминам. Беше меѓу тројцата најдобри во изборот за фудбалер на минатата година, но сепак, за мене има тројца подобри стопери. Тоа се: Тијаго Силва, Маркињос и Серхио Рамос“, истакна Ричарлисон.

- Оглас -

Најнови вести