27.8 C
Skopje
четврток, 31 јули 2025

Риека не е Динамо, првпат по 20 години ќе нема хрватски тим во третото квалификациско коло

Риека е елиминирана од квалификациите за Лигата на шампионите по ремито без голови во првиот натпревар дома. Загуби на гости против бугарски Лудогорец со 1-3 по продолженија и така хрватскиот шампион го заврши својот настап во елитното европско клупско натпреварување.

Ова е првпат хрватскиот шампион да биде елиминиран во второто коло од квалификациите за ЛШ по дебаклот со Хајдук во 2005 година. Таа година сплитскиот тим беше елиминиран со вкупни 0-8 од унгарскиот Дебрецин.

Риека сега го продолжува своето европско патување во третото квалификациско коло од Лигата на Европа, каде што ќе игра против ирскиот шампион Шелбурн, кој беше елиминиран од Карабах, следниот ривал на Шкендија.

Ете и тоа дочекавме, Македонија да има тим во третото коло од квалификациите, а Хрватите, кои се со многу поголем рејтинг, да немаат. Шкендија е првиот македонски клуб по Вардар од 2017 кој ќе игра трето коло од квалификациите за ЛШ. Вардарци тогаш беа елиминирани од Копенхаген.

- Оглас -

Најнови вести