Рик Питино е вистински кошмар за европскиот првак (Видео)

ЦСКА Москва не игра добро против грчките екипи сезонава во Евролигата и повторно доживеа пораз, вечерва од Панатинаикос со 102:106.

Во драматичен меч што се играше во Калининград, грчкиот состав приреди подвиг и најпрво се избори за продолженија со тројката на Ник Калатес на шестс екунди до крај, а потоа и победија во дополнителното време.

Константинос Митоглу беше најефикасен кај гостинскиот тим со 25 поени, а имаше и одлични 16 скока. Ник Калатес постигна 22 поени и имаше неверијатни 17 асистенции.

Кај домаќините Мајк Џејмс беше прва виолина со 30 поени, а зад него е Даниел Хекет со 24 поени.

Интересно е што Рик Питино сега има биланс од 3:0 против ЦСКА, а рускиот тим сезонава двапати беше поразен дома од грчките екипи. Пред овој пораз и Олимпијакос славеше во октомври во меч игран во Москва со 84:79.

Во вториот меч што се одигра вечерва Анадолу Ефес го победи Химки со 101:82 и повторно е на врвот со 14 победи и три порази.

- Оглас -

Најнови вести