Рик Питино стигна во Атина и одма закажа тренинг

Рик Питино ќе биде шеф на стручниот штаб на Панатинаикос до крајот на сезоната. Американскиот стратег го заменува Чави Пасквал, кој пред неколку дена доби отказ по низата лоши резултати во Евролигата.

„Возбуден сум што го прифатив овој предизвик. Првпат во мојата 41-годишна кариера преземам тим среде сезона. Ме очекува многу работа, имаме негативен учинок и мора да поработиме на тие слабости. Забележав дека шутот исто така е сегмент кој треба да се поправи по првиот одработен тренинг, но за тоа треба време. За 48 часа играме против ЦСКА и не можеме да направиме многу промени, но ќе мора да се одбраниме на начин каков што нашиот противник нема да очекува“, истакна Питино.

ПАО во петок го пречекува гигантот ЦСКА Москва во меч кој ќе се игра во рамките од 15-тото коло во Евролигата. „Зелените“ ќе се обидат да го поправат својот учинок бидејќи во последните пет меча имаат четири порази и само еден триумф.

- Оглас -

Најнови вести