Рикелме вечер ќе ја објави бомбата со која ќе пука на претседателските избори во Реал Мадрид

Вечерва почнува клучната борба за гласови за претседателските избори во Реал Мадрид кои ќе се одржат в недела, 7 јуни. Двајцата кандидати, актуелниот прв човек на клубот Флорентино Перес и предизвикувачот Енрике Рикелме, вечер и утре ќе ги објават имињата на ѕвездите со кои имаат договор да дојдат во Кралскиот клуб, но само ако тие бидат на чело на клубот.

Рикелме за вечерва најави „бомба“. Тој веќе објави дека со него како претседател, спортски директор на Реал би бил Раул Гонзалес, а Фернандо Јеро ќе биде директор на академијата. Кажа и дека „му се допаѓа“ Родри од  Манчестер сити, но вечерва ќе открие име на странец со којшто има договор да премине во Реал.

Рикелме додаде и дека ќе покаже и документ со нотарски потпис со кој ќе гарантира дека таа ѕвезда ќе дојде во Реал ако Рикелме победи на изборите. Ако не го донесе играчот, ќе мора да плати огромна отштета.

Според анкетите, голем фаворит е Перес. Тој веќе има договорено Жозе Мурињо да биде тренер, белиот дрес ќе го носат Ибрахима Конате и Дензел Думфрис, а човекот кој пред 26 години дојде на чело на Реал со тогаш неверојатното ветување дека ќе го донесе Луиш Фиго од Барселона и го исполни тоа, за утре најави дека ќе обелодени која ѕвезда ќе ја донесе ако остане прв човек.

- Оглас -

Најнови вести