Лоша вест за македонската репрезентација во врска со баражите за Светско првенство

Европската фудбалска унија, УЕФА, реши да ја промени постапката за одигрување на натпревари од плејофот пред големите турнири.

Досега домаќините во баражите се одредуваа со ждрепка, а во иднина домаќин ќе биде тимот од првиот шешир кој е со подобар рејтинг.

Годинава, тимови како Италија, Данска и Турција ги играа своите одлучувачки натпревари од плејофот за Светското првенство во 2026 година на гостински терен. Со новото правило, тие би играле дома. Турција победи против Косово, но Данска и Италија загубија од Чешка односно Босна и Херцеговина, што можеби и немаше да се случи ако играа на домашен терен.

Македонија играше во баражи за СП 2022 и 2026, но немаше среќа во ждрепките, моравме да гостуваме во полуфиналињата и финалињата. Сега со новото правило, уште помали се шансите еден ден ако пак стигнеме до бараж, да играме на свој терен.

- Оглас -

Најнови вести