Рики е апсолутен победник – Сензација со Динамо, па аплауз од Мурињо и на крај подарок од Специјалниот (Фото)

Стефан Ристовски е апсолутен победник на реваншот во Загреб, на кој Динамо приреди првокласна сензација и во 120-минутна битка анулираше негатива од 0:2 против Тотенхем и со триумф од 3:0 се пласира во четвртфиналето на Европа Лигата.

Нашиот репрезентативец комплетно ја заклучи десната страна на „Максимир“ за големите ѕвезди од Премиерлигата, а потоа доби и аплауз со соиграчите од Жозе Мурињо и специјален подарок од „Специјалниот“.

Популарниот Рики се пофали на Инстаграм со дресот што му го подари Мурињо со посебна посвета за нашиот репрезентативец.

Ристовски играше одлично 90 минути, а во финишот на регуларниот дел беше заменет. Аријан Адеми, вториот наш репрезентативец исто така одигра лавовска улога во големото фудбалско чудо на Динамо Загреб, а остана на терен цели 117 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести