Риос: Не можам да го замислам Федерер како се опива

Некогашниот чилеански тенисер Марсело Риос, кој своевремено беше и лидер на АТП-листата, говорејќи за Ник Кирјос и Фабио Фоњини, го „поткачи“ и легендарниот Роџер Федерер. На Риос му се допаѓа стилот на игра кој го применуваат Кирјос и Фоњини, а нивниот начин на однесување не може да си го замисли кај Федерер.

„Не можам да го замислам Федерер како излегува навечер и се пијанчи. Јас пиев алкохол, излегував, но, секако, не секој ден. Ми се допаѓа тоа што го гледам од Кирјос и Фоњини. Во денешно време, ако го фрлите рекетот на земја, ќе ве казнат. Тенисот има премногу правила“, рече контроверзниот Риос.

Риос додава дека се плаши од корона-вирусот, а ги искритикува и Американците.

„Не сум подготвен да умрам. Имам страв и почит кон корона-вирусот. Ова што се случува е реткост бидејќи САД се најзаразени, а таму работат трговските центри, Дизниленд. Не разбирам како во држава во која има многу заразени, работат толку големи места каде што се собираат многу луѓе“, вели Риос.

- Оглас -

Најнови вести