Кире Ристевски слави голема победа од 1:0 со Ујпешт во финалето на унгарскиот куп во драматичен меч против Фехервар, клуб за кој во финалето играше и вториот наш репрезентативец Висар Муслиу.
По голема над двочасовна битка и две продолженија од по 15 минути, Ујпешт успеа да стаса до 11. куп-пехар во клупската историја.
Во регуларниот дел мечот заврши без голови, но и со голема предност за Ристевски и соиграчите, бидејќи во 91. минута беше ислучен Рус од Фехервар.
Веднаш потоа и Алеф доби црвена картон, па Кастрати ја искористи шансата и го постигна победничкиот гол во 101. минута.
И Ристевски и Муслиу играа комплетно од првата минута до крајот, а по 120 минутна битка трофејот му припадна на поискусниот македонски репрезентативец.