Ристовски доби слободен викенд, не игра и против Авеш

Стефан Ристовски нема да игра за Спортинг вечерва против Авеш и доби уште некој ден за комплетно да се рехабилитира по повредата на препоните.

Се очекуваше тој да биде подготвен за настап против Авеш, минатата недела се врати на тренинзите, но новиот тренер на Спортинг, Марсел Кајзер одлучи да го поштеди нашиот репрезентативец и овој викенд.

Ристовски се повреди на мечот со Арсенал во Европа Лигата на 25. октомври и оттогаш нема играно. Против Авеш ќе  му биде деветти меч како не е на терен, крај десната аут-линија во дресот на Спортинг.

Се очекува 26-годишниот дефанзивец на „лавовите“ од Лисабон да биде подготвен за настап во четврток против Ворскла во меч од Европа Лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести