Ристовски и Милевски едногласни: Имаме и ние и свои квалитети и треба да одиграме уште еден врвен натпревар

Селекторот Благоја Милевски и капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски говореа на прес конференција пред утрешниот натпревар против Германија.

Капитенот на „црвено-жолтите“ го искажа своето мислење за противникот, но, и за настапите под новиот селектор.

„Мораме да одиграме на тактички врвно ниво. Селекција од ранкот на Германија не остава простор за грешка. Секој натпревар за нас е важен, без разлика против кого играме. Имаме и ние свои квалитети и утре треба да одиграме уште еден врвен натпревар. Многу работи од нас ќе зависат доколку сакаме да дојдеме до позитивен резултат.

Очигледно е дека идеите на селекторот ни одговараат, и се надевам дека утре на терен ќе го покажеме најдоброто од нас. настапите од ЕП се едно големо искуство за нас, и тоа ќе ни помогне.

Не треба да се зборува за Горан Пандев, тој ќе фали, но треба да гледаме напред. Барди е носител на оваа селекција и жал ми е што нема да игра утре, но, имаме квалитетен кадар да се пополнат сите места и секој теба на шансата да одговори правилно“ изјави Стефан Ристовски.

Благоја Милевски, пак имаше идентична констатација за утрешната средба.

„Имаме и ние свои квалитети и од нас ќе зависи многу, ќе треба да одиграме на врвно тактичко ниво за да дојдеме до добар резултат. Но, секој меч си има своја тежина и секоја си има своја приказна.

Не би биле спортисти и не би ја работеле оваа работа ако не очекуваш успех, ја респектираме Германија но ние може да се надигруваме со најдобрите во Европа.

Против Лихтенштајн влеговме максимално и без потценување. Нема притисок но нема ни опуштање и секој натпревар е важен. Овој начин на кој игра Германија е поразличен и затоа велам дека не очекува различен меч, иако тие се играчите.

Како ќе одиграат утре, по анализите можеме да претпоставиме но, не можеме да бидеме сигурни. Треба да уживаме и да бидеме на највисоко можно ниво за да дојдеме до убав резултат.

- Оглас -

Најнови вести