Ристовски: Нелогично е што играме во 15 часот попладне

Стефан Ристовски, македонскиот репрезентативец, има забелешка околу саатницата која ја определи УЕФА за одигрување на првиот дуел против Ерменија во Лигата на нациите. На терминот се пожали и Бобан Николов, ако се знае дека во сабота се очекуваат високи температури над 30 степени.

Рисовите во сабота, во 15 часот попладне, на арената „Тодор Проески“ ќе ги одмерат силите со Ерменија, период кога топлината тешко се поднесува, но временските услови ќе бидат исти и за противникот.

„Помина доста долг период, па ни треба малку да се потсетиме на некои стари идеи. Поради паузата, изостана репрезентативниот план, ни треба малку време да се стабилизираме. Не би сакал да се ставиме во улога на фаворити, иако очекувам да издвоиме позитивни резулатати. Короната ни ги поремети брзините, а првиот натпревар по толку долго време ќе го играме во 15 часот попладне, што е малку нелогично. Но, како за нас, така и за противникот, ние секако сме подготвени за предизвикот“, истакна Ристовски.

Дуелот Македонија – Ерменија е закажан за 15 часот во сабота, а ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести