Ристовски: Судбината е во наши раце

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, најави дека тимот против Исланд треба да игра смирено, со ладни глави, и да се држи до планот, а квалитетот ќе дојде до израз и со помош од публиката, да се оствари победата која ќе ја однесе Македонија во бараж за СП.

„Статистички не знаев дека повеќе бодови сме освоиле на гости отколку дома, не обрнуваме внимание на такви детали, ете така се погодило. Немаме посебен притисок кога играме дома, едноставно секој наш меч пред домашната публика е прекрасен и се надевам дека секогаш ќе имаме полн стадион. Судбината е во наши раце, се надевам дека ќе излеземе на терен со ладни глави, и квалитетот ќе излезе на површина. Немам дополнителен притисок што сум капитен, тоа што Горан го оствари како капитен е феноменално, сега лентата е кај мене, ќе бдам горд ако успееме да обезбедиме бараж. Исланд ќе дојде да игра фудбал, тие не се тим кој сака да се брани“ – смета капитенот Ристовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести