Ривер е апсолутен владетел во Јужна Америка (Видео)

Ривер плејт е освојувач на Суперкупот на Јужна Америка, популарната Рекупа Судамерикана. Во финалето, по двомечот со бразилскиот Атлетико Параненсе, Ривер се радуваше дури по дополнителни 30 минути игра. На легендарниот стадион „Ел Монументал“, Ривер поведе со 1:0 во 65-тата минута, кога Фернандес најпрво утна пенал, а потоа одбиената топка повторно дојде до него и успеа да ја затресе мрежата на гостите.

Резултатот од 1:0, всушност, беше израмнување бидејќи Атлетико на првата средба славеше со истиот резултат. Затоа, по завршување на 90 минути, се играше продолжение. Во дополнителните 30 минути, Ривер со головите на Прато и Суарес стигна до победа од 3:0 и голема радост за освоениот нов пехар.

За Ривер ова е трет трофеј во Рекупа Судамерикана, повторувајќи го успехот од 2015 и 2016 година. Само Бока јуниорс има повеќе трофеи во Суперкупот – четири.

https://youtu.be/lqkQODVnJN8

- Оглас -

Најнови вести