РК Вардар доделува билети за најромантичните навивачи

Во пресрет на денот на вљубените, 14 февруари, ракометниот клуб Вардар ќе им подари на двајца навивачи по два билети за натпреварот Вардар – Веспрем, а уште двајца ќе добијат ваучер од 3.000 денари што може да го искористат во фан-шопот што се наоѓа во СЦ „Јане Сандански”.

За да станете потенцијален добитник, треба да покажете колку сте романтични и да смислите порака што би и ја упатиле на саканата личност.

Вашата порака треба да ја оставите во фан-шопот што се наоѓа во СЦ „Јане Сандански”. Таму има специјално подготвена табла на која ќе бидат изложени сите пораки. Покрај пораката, треба да се остави и ваш контакт.

Во четврток, на 14 февруари ќе бидат избрани четири најубави пораки, и истите ќе бидат наградени.

Двајца ќе добијат по два билети за натпреварот на неделата во ЕХФ лигата на шампионите меѓу Вардар и Веспрем, закажан за в сабота, 16 февруари.

Двајца ќе добијат и по еден ваучер во вредност од 3.000 денари што може да го искористат во рок од 15 дена за производи од целиот асортиман во Вардар фан-шоп, без ограничување.

Тимур Дибиров се најде во изборот на идеалниот тим на колото, во кое Вардар славеше кај Рајн Некар, а еден од головите на Даинис Криштопанс (цепелинот по додавањето на Карачиќ) е избран во Топ-5 голови на колото.

 

- Оглас -

Најнови вести