РК Вардар го покани Дибиров во Скопје на прослава за пензионирањето

Ракометниот клуб Вардар 1961, преку социјалните мрежи упати честитка до Русинот Тимур Дибиров за простувањето од Лигата на шампионите. Вечерва Дибиров во Загреб го одигра последниот меч во кариерата во ЛШ, натпреварување во кое е втор стрелец на сите времиња, а двете европски титули ги освои играјќи за скопските Црвено-црни.

„Дојде во Вардар, играше, освои сè што можеше, и влезе во легендите. Ти благодариме што девет сезони беше дел од клубот и заедно се радувавме на сите успеси. Те чекаме во Скопје и заедно да прославиме. Ќе останеш секогаш нашиот спортски херој“, објавија од Вардар 1961.

 

- Оглас -

Најнови вести