Михајло Михајловски најдоцна од 1 јуни се враќа на претседателското место во ракометниот клуб Вардар. Некогашниот долгогодишен предводник на „црвено-црните“ управувањето со РК Вардар во претходните години му го имаше препуштено на Сергеј Самсоненко, кој направи огромни успеси, а новото раководство ќе отпочне процес на реновирање, но ветува компетитивен Вардар.
Михајловски потврди дека Стевче Алушовски останува прв тренер на тимот и најавува солиден буџет со кој Вардарци би имале респектабилен состав кој ќе се бори за титулите на домашна сцена, фајнал-фор во СЕХА-лигата, а во Лигата на шампионите ќе се обиде да стигне до четвртфинале.