11.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Роберто Манчини е пред голем кам-бек во Премиер лигата, преговорите веќе се започнати

Славниот италијански тренер, Роберто Манчини, по една година пауза е пред враќање во фудбалот, откако веќе се остварени првите контакти со раководството на Нотингем Форест.

„Шумарите“ имаа неуспешна и кратка авантура со тренерот Анге Постекоглу, па сега се обидуваат да ја пронајдат неговата замена и да ги остварат амбициите за оваа сезона, а тоа е опстанокот во Премиер лигата.

Иако екипата настапува во фудбалска Европа оваа сезона, сепак, целта е само опстанок, а раководството сака на тренерската позиција да го види токму Манчини.

Италијанецот во октомври 2024 година ја напушти селекторската позиција на репрезентацијата на Саудиска Арабија и од тогаш е без ангажман, а претходно ја водеше и Италија до европската титула во 2021 година.

Манчини од 2009 до 2013 година беше тренер на Манчестер сити, а со „граѓаните“ ја освои титулата во 2012 година, што за нив беше прва по пауза од 44 години.

- Оглас -

Најнови вести