Робињо, Шкртел, Клиши и Ба учествуваа во историската титула, а клубот реши да го повлече дресот на најверниот навивач

Екипата на Башакшехир направи подвиг и успеа да стигне до шампионската титула во Турција, прва во клупската историја. Тимот кој доаѓа до Истанбул ги засени големите градски ривали Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ и на крајот стигна до историски успех.

Не е случаен успехот на Башакшехир. Тоа е клуб кој претходно двапати завршуваше како второпласиран, а сезонава реши да не ја испушти шансата во своите витрини да го донесе шампионскиот пехар. Тактиката на челниците на клубот беше да направат екипа која ќе биде склоп од искусни и докажани странски играчи и домашни фудбалери.

Во дресот на турскиот шампион играа Робињо, Шкртел, Клиши, Демба Ба, сите докажани во англиската Премиер лига. Иако со толку многу звучни имиња на теренот, сепак, најзвучното име во клубот е нивниот најголем навивач. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, е навивач на Башакшехир.

Токму во чест на Ердоган, од Башакшехир одлучија да го повлечат дресот со бројот 12 и повеќе ниту еден играч да не смее да го носи тој број во редовите на актуелниот турски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести