Роџер Федерер и неговиот следен противник ги поврзува една неверојатна приказна

Роџер Федерер без поголеми проблеми се пласираше во третото коло од Гренд слем турнирот во Париз откако со 6:4, 6:3, 6:4 го победи Оскар Оте од Германија. Следен ривал на Федерер ќе му биде Каспер Руд, кој моментно е на 63-тото место на АТП-листата. Федерер и Руд ги поврзува една неверојатна приказна.

Легендарниот швајцарски тенисер дебитираше на Ролан Гарос во 1999 година и тогаш стигна до третото коло. На тој турнир пред 20 години играше и Кристијан Руд, таткото на Каспер, кој е следен противник на Федерер. Кога Федерер дебитираше на земјените терени во Париз, Каспер имал само пет месеци, а сега дојде да биде негов ривал на овој Гренд слем турнир.

Кристијан Руд, кој се пензионираше во 2001 година, токму на Ролан Гарос, кога за малку ќе играл против Федерер. Постариот Руд во првото коло загубил од Саргис Саргсијан, а доколку го добиел тој меч, во второто коло ќе играл против Федерер. Кристијан не успеа да игра против легендарниот Роџер во Париз, но тоа сега му успеа на син му Каспер.

 

- Оглас -

Најнови вести