4.8 C
Skopje
недела, 1 февруари 2026

Родриго беше многу лут кога Алонсо го извади од игра, камерата го сними моментот што нема да му се допадне на тренерот на Реал (Видео)

Реал Мадрид со 3:0 славеше на гостувањето кај Овиедо во меч од второто коло на шпанското првенство. Во 37-мата минута Килијан Мбапе погоди за 1:0, но неизвесно беше до самиот финиш на средбата.

Овиедо погоди статива во 82-рата минута, кога можеше да израмни на 1:1, но откако тоа не се случи, веднаш на спротивната страна Мбапе постигна гол за 2:0. Во судиското надполнување погоди и Винисиус јуниор за 3:0.

Освен трите гола, овој меч го одбележа и реакцијата на Бразилецот Родриго. Играчот кој има неизвесна иднина во Реал беше стартер, но беше заменет во 63-тата минута. Откако го напушти теренот, Родриго јасно покажа дека е незадоволен од одлуката на тренерот Чаби Алонсо и почна да негодува.

За негова несреќа, камерманот ја забележа реакцијата на Родриго кога беше заменет, а сигурно тоа нема да му се допадне на тренерот Алонсо, кој и онака му имаше дадено ултиматум на Бразилецот да го докаже квалитетот или ќе си замине од екипата.

 

- Оглас -

Најнови вести