25.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Родриго е најблиску до трансфер во ПСЖ

Иднината на Родриго е една од најактуелните теми на европскиот фудбалски маркет, а според последните информации, се чини дека е познат и неговиот потенцијален нов клуб.

Иако бразилскиот напаѓач има важечки договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2028 година, сè уште не е сигурно каде ќе настапува следната сезона.

Сѐ повеќе индикации упатуваат на тоа дека Реал Мадрид е подготвен да се раздели со него и да започне нова ера со различен состав. Во игра се неколку големи клубови како Барселона, Ливерпул и Арсенал, но сега на површина излегува и еден тим кој досега не се поврзуваше толку често со Родриго, тоа е европскиот првак Пари Сен Жермен.

Според шпанскиот медиум „Дефенса сентрал“, ПСЖ е подготвен да плати околу 100 милиони евра за услугите на Бразилецот. Родриго, пак, би добил шанса конечно да игра на својата омилена позиција – лево крило, каде што смета дека најдобро ги изразува своите квалитети.

Сепак, трансферот не е едноставен. Реал Мадрид би претпочитал да преговара со кој било друг клуб освен со ПСЖ поради сè уште свежите тензии околу трансферот на Килијан Мбапе, кој замина бесплатно во Мадрид по истекот на договорот со ПСЖ.

И покрај тоа, во Париз веруваат дека Родриго има огромен потенцијал, само со 24 години, тој има време за значителен напредок, па затоа внимателно ја следат неговата ситуација и подготвуваат конкретна офанзива за да го донесат во своите редови.

- Оглас -

Најнови вести