Бразилскиот крилен напаѓач Родриго е на работ да го напушти Реал Мадрид откако со доаѓањето на тренерот Чаби Алонсо почесто e на клупата за резерви отколку на теренот. Чели сака да ја искористи оваа ситуација и да го донесе на „Стемфорд бриџ“ веќе во јануари, но тоа ќе остане само желба.
Раководството на лондонскиот клуб верува дека Родриго би бил клучно засилување, а тренерот Енцо Мареска е многу заинтересиран да го има во својот тим за продолжението на сезоната.
Според британските медиуми, Челзи ќе се обиде да го ангажира Родриго уште во зимскиот преоден рок, при што цената би изнесувала најмалку 90 милиони евра. Пореално е Родриго да си замине во летото.

