Родриго во ложа со Флорентино Перес – бразилскиот бисер ќе игра за Реал од идната сезона

Бразилскиот тинејџер Родриго ќе игра за Реал Мадрид од идната сезона, а денеска заедно со Флорентино Перес го следеше мечот од Купот меѓу Реал и Мелиља.

Кралевите победија со 6-1, а кралски дочек имаше и за 17-годишниот фудбалер на Сантос. Перес се пофали со фотографијата од ложата на „Сантијаго Бернабеу“ заедно со Родриго, бисерот на бразилскиот фудбал кој има само 17 години.

„Рано ми е за да се преселам во Мадрид. Сантос и Реал ги знаат деталите, јас сега сум фокусиран само на настапите во Бразил“, изјави Родриго.

Сепак, веќе се знаат и деталите, се чека Родриго да наполни 18 години и за сума од 45 милиони евра да му се приклучи на Реал Мадрид, а ќе игра од идната сезона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести