Рој Кин: Јунајтед се плаши од титулата!

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин, повторно ги нападна Црвените ѓаволи после ремито од 0-0 против Арсенал во Лондон. Според екс капитенот на Јунајтед, фудбалерите на Оле Гунар Солскјер не се подготвени да се борат за титулата во Премиерлигата, иако во претходните две недели беа лидери на табелата.

„Во последните месеци тие добиваа дури и мечеви на кои не играа добро. Но, наеднаш, во последните три или четири седмици, кога стигнаа на врвот, луѓето почнаа да се прашуваат може ли Јунајтед да ја освои титулата, можат ли да се борат со Манчестер сити? Изгледа дека играчите на Манчестер јунајтед се исплашија од предизвикот и си рекоа дека уште не се подготвени“ – коментираше Ирецот.

Кин смета дека Солсјкер џабе говори дека неговите играчи се победници.

„Е, ајде де, нека го покажат тоа на терен. Кога потпишуваш за Манчестер јунајтед, тоа значи да победуваш и да освојуваш трофеи” – рече Кин.

- Оглас -

Најнови вести