Ројс стана втор стрелец во историјата на Борусија, ни Ред Бул не „фаќа“ во Дортмунд

Борусија Дортмунд продолжи со победите во Бундеслигата, вечерва падна Ред Бул Лајпциг со 2-1, па Борусија пак е прва со три бода предност пред Баерн кој има и еден меч помалку.

Првиот гол за Борусија беше од пенал, го постигна нивната легенда Марко Ројс. За Ројс кој во Дортмунд игра од 2012 година, ова беше 159-ти гол во жолто-црниот дрес, и се изедначи со Михаел Цорк на второто место на клупската вечна листа на стрелци. Рекордот е 177 голови и го држи покојниот Ади Прајслер кој за Борусија играл во далечното минато.

Лајпциг е четврти, сега има седум бодови негатива во однос на лидерот, па полека ја губи трката за титула.

Борусија има осум победи по ред во Бундеслигата, а претходниот пат кога го направија тоа, во сезоната 2011.2012, станаа и шампиони.

- Оглас -

Најнови вести