Рома и Вест хем се одбранија и ќе играат во финалињата од Лигата на Европа и Конференциската лига, но на два меча драмата продолжува и по 90 минути

Жозе Мурињо уште еднаш се покажа како мајстор да одигра 0:0 кога тоа му е најпотребно на неговиот тим. Рома се одрбани на гостувањето во Леверкузен кај Баер и благодарение на победата од 1:0 во првата средба, Римската волчица ќе игра во финалето од Лигата на Европа.

Рома ќе почека за да го дознае противникот во финалето затоа што во второто полуфинале меѓу Севилја и Јувентус резултатот беше 1:1 по 90 минути. Тоа е ист резултат како пред една недела во Торино, па мора да се играат продолженија, а можеби и пеналите да решаваат.

Нешто слична е ситуацијата и во Конференциската лига. Вест хем бранеше победа од 1:0 на гости кај АЗ Алкмар, а на крајот англискиот тим успеа и да победи на гостувањето благодарение на погодокот на Форналс во 94-тата минута.

Чеканите од Лондон во финалето го чекаат подобриот од дуелот меѓу Базел и Фиорентина, коишто играат дополнителни 30 минути. На мечот во Базел по регуларните 90 минути, гостите од Италија стигнаа до 2:1, а на првиот меч во Италија, Швајцарците беа тие што се радуваа со 2:1, па по 180 минути игра, резултатот е 3:3 и мора да се играат барем уште 30 минути игра.

- Оглас -

Најнови вести