Рома лесно ќе победи, Аталанта ќе ја кине мрежата на Парма

1110 Арсенал – ВБА (20 ч.)

Ова треба да биде „ревијален“ меч, затоа што двата тима речиси и да нема за што да се борат. Арсенал е далеку од врвот и е на 10-тото место додека ВБА е претпоследен со дури 10 бода заостанување зад Барнли кој е на позицијата што носи опстанок.

Во една ситуација во која двете екипи немаат сигурни одбрани, може да се очекува отворен меч и погодоци на двете страни.

Предлог тип: Т12+&ГГ (2.80) – квота на денот во Sport Life

 

3009 Рома – Кротоне (18 ч.)

Долг е списокот на повредени играчи кај Рома. Дури деветмина не се во составот за дуелот со Кротоне, но фактот дека на „Олимпико“ доаѓа последнопласираниот тим во Серија А, јасно е дека не смее да има изненадувања. Рома на свој терен сезонава има 11 победи во 17 средби и е на четвртото место по успешност на свој терен, додека Кротоне загубил 14 од 17-те гостувања сезонава.

Лесна победа на домаќините во меч на кој ќе има барем три гола како што беше случај во есенскиот дел од првенството.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.55) 

 

3007 Парма – Аталанта (15 ч.)

Парма веќе се предаде и испадна од Серија А, додека Аталанта жестоко се бори да го задржи пласманот во Топ 4 и сигурно нема да дозволи кикс на вакво гостување. Фактот дека тимот од Бергамо го има најдобриот напад, додека Парма е со втората најслаба одбрана е најава за средба со многу голови.

Таква е и традицијата, со голови, па на последните пет меча секогаш било барем 3+. Парма на пет од последните шест кола одигра 4+, па може да се одигра дека и сега ќе има погодоци.

Предлог тип: 2+ I & 2+ II (2.70)

 

1307 Валенсија – Валјадолид (16:15 ч.)

Валенсија шест кола е без победа, а гостите дури осум меча не се израдувале на триумф во Примера, па затоа се во долниот дел од табелата и уште не се сигурни дека нема да испаднат. Валјадолид е експерт за нерешени и досега има 16 средби без победник, а и Валенсија е со двоцифрен број дуели кои завршиле реми (12).

Ќе биде тврд дуел, двете екипи ќе се плашат да не згрешат, а сепак предност треба да биде на страната на домаќините.

Предлог тип: 1Х&0-2 (2.19)

 

1637 Феенорд – Ајакс (14:30 ч.)

Ајакс ја прослави новата титула во Холандија, а Феенорд е далеку на петото место со дури 24 бода помалку од шампионот. Сепак, ривалството на двата тима е големо и сигурно домаќините нема да дозволат лесно да се предадат на свој терен.

Ајакс доминира во последните мечеви, па може да се пофали со пет победи во последните шест средби и тоа во сите пет успеал да ја сочува својата мрежа незатресена. Сепак, сега гигантот од Амстердам ќе биде релаксиран бидејќи веќе си ја заврши работата, па може да се очекува и меч со погодоци на двете страни.

Предлог тип: ГГ3+ (1.72)

 

- Оглас -

Најнови вести