Рома најде заедничка врска со Осогово од Кочани!

Осогово од Кочани доби чест да биде дел од твитер-профилот на италијанскиот гигант Рома. Клубот во кој „икона“ е Франческо Тоти, го пофали македонскиот третолигаш дека е многу активен на оваа социјална мрежа, па затоа и му го додели приматот за „твитер-страница на денот“.

„Твитер-тим на денот во изборот на Рома е ГФК Осогово, тим од третата лига во Македонија. Основан во 1924 година, клубот е од Кочани, град само со 35.000 жители. Тоа е еден од најактивните клубови на Твитер во Македонија. Осогово планира да се избори за влез во Прва лига додека стигнат до јубилејот од 100 години постоење“, пишува на твитер-профилот на Рома.

https://twitter.com/ASRomaEN/status/1105724086079180800

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести