Рома со пресврт го совлада Кремонезе и си закажа четвртфинална пресметка со Лацио (Видео)

Фудбалерите на Рома со два гола во финишот го совладаа Кремонезе со 2:1 во осминафиналето на Купот на Италија и се пласираа во четвртфиналето, каде што ќе ги чека градскиот ривал Лацио.

Кремонезе поведе во првото полувреме преку Ѕаџут, а Волчицата ја спасија најдобрите играчи, Ромелу Лукаку и Пауло Дибала.

 

Прво Лукаку во 77-мата минута израмни на 1:1, а во 85-тата минута Дибала беше сигурен од белата точка за победа и градска пресметка со Лацио во четвртфиналето.

- Оглас -

Најнови вести