Во Романија не е ништо ново поделба на клубовите, тепачки за името на клубот, така и со Крајова, славната Универзитатеа која во минатото беше полуфиналист во Купот на УЕФА и четвртфиналист во Купот на шампионите е во невиден проблем.
Денеска постојат два клуба, ЦС Универзитатеа Крајова и ФЦУ Крајова, каде што ова „У“ означува Универзитатеа. Во нивното име ја имаат и годината 1948, кога е основан клубот, и се сметаат себеси за вистински и единствени наследници на вистинската Универзитатеа.
Минатата сезона се натпреваруваа во втора, административно се преселени во третата лига, поради долгови. И во таа трета лига, ја започнуваат сезоната со -94 поени!
А, имаат краен рок до трети септември за исплата на поранешните играчи и тренери, во спротивно ќе бидат исклучени од сите натпреварувања.