Кошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз во претквалификациите за Светското првенство.
Денешните 66-79 на гости против Романија во Орадеа потврдија дека овој состав и покрај желбата и борбеноста, нема сили и квалитет да се најде на првите две места во групата кои водат во главните квалификации.

Останува на 20 август да се одигра уште еден меч од овој циклус, дома против Унгарија, и тоа не во Куманово како што беше предвидено, туку во Скопје.
На пет и пол минути до крајот дојдовме на негатива само од 61-64, но Романците погодија тројка во следниот напад и го запреа налетот на македонскиот тим, потоа дадоа и два поена, па во последните четири минути домашните влегоа со позитива од 8 поени разлика.
Македонија пак се доближи, а Романците погодија клучна тројка на 2,15 минути до крај за 72-66 откако во претходниот напад Ташовски пропушти прилика да изедначи со шут за три поени.
Вајли, Магдевски и Митревски беа со двоцифрен број поени, но како и во Куманово, пресудија тројките на Романците. Денеска ги имаа шест повеќе.

