Роналдињо е смотан, не знае дека направил кривично дело

Роналдињо Гаучо и неговиот брат ќе останат во притвор во Парагвај откако двајцата беа уапсени пред неколку дена поради што во државата влегле со фалсификувани пасоши. Додека се чека да се отвори судски процес, двајцата ќе бидат задржани во притвор, а адвокатот на поранешниот најдобар светски фудбалер тврди дека тие не знаеле дека документите не се исправни.

„Судот треба да го земе во предвид фактот што Роналдињо и неговиот брат не знаеле дека направиле кривично дело, ниту пак биле свесни дека документите се фалсификувани. Роналдињо е смотан“, изјави адвокатот Родолфо Марин.

Иако парагвајскиот суд одлучи да не го пушти Роналдињо во домашен притвор поради евентуално бегство, адвокатот се пожали дека ексфудбалерот ќе го пропушти роденденот на неговиот син.

„Наместо Роналдињо да биде дома со неговиот син кој денес слави роденден, тој дава изјави на полицијата и ја кажува вистината, а тие го држат во притвор“, додаде Марин.

- Оглас -

Најнови вести