Екипата на Ал Наср со 2:1 го победи локалниот ривал Ал Ријад, во меч од 27. коло на првенството во Саудиска Арабија. Фаворизираниот домаќин до триумф стигна благодарение на пресвртот во второто полувреме, откако по првиот дел, Ал Ријад водеше со 0:1.
Кој друг ако не Кристијано Роналдо е херојот на Ал Наср. Португалецот кој пред два месеци наполни 40 години, уште еднаш потврди дека годините за него не се никаков проблем.
Во период од 56 до 64 минута Роналдо постигна два гола, а посебно атрактивен беше голот за 2:1 кога со атрактивен волеј удар од преку 16 метри ја „искина“ мрежата на противникот.
Posts from the soccer
community on Reddit