Роналдо добива нов тренер во Ал Наср?

Саудискиот прволигаш Ал Наср за кој играат ѕвездите Кристијано Роналдо и Садио Мане, ќе се раздели со тренерот Луис Кастро, а одлуката за смена на стручњакот наводно била донесена позле поразот во Суперкупот Ал Хилал со 1-4, објавија некои медиуми во Саудиска Арабија.

Според изворот, претседателот Ибрахим Ал-Мухадиб ќе бара нов тренер во блиска иднина. Резултатите на тимот не се според очекувањата и подобрувањето ќе се бара со нов тренер.

Португалецот Кастро кој има 62 години, го презеде саудискиот тим минатото лето и е под договор до 30-ти јуни 2025 година. Со Ал Наср ја освои арапската Лига на шампиони.

Но, агентот на Кастро, Антонио Тешеира негираше дека неговиот клиент добил отказ.

„Не сме информирани за ништо такво. Луис Кастро има амбиција да освои титули со тимот во оваа сезона. Тој не успеа во Суперкупот, но не знам ништо за негова смена“, изјави Тешеира.

- Оглас -

Најнови вести