Роналдо пак се чуствуваше како Крал, ќе биде ли таличен за нов пехар на поранешниот клуб? (Фото)

Кристијано Роналдо пристигна на денешниот тренинг на Реал Мадрид за да ги посети и поздрави поранешните соиграчи со кои освојуваше трофеи.

Популарниот ЦР7 е член на Ал-Наср од Саудиска Арабија, а во Ријад ќе се игра финалето на шпанскиот Супер куп меѓу вечните ривали Реал и Барса.

Популарното „Ел Класико“ ќе се игра задутре од 20 часот, а се знае за кого ќе навива Роналдо.

Cristiano Ronaldo watching Real Madrid training session in Riyadh! from soccer

Португалецот играше за Реал од 2009 до 2018 година и имаше богата жетва од дури 15 трофеи.

Четирипати беше европски првак со најтрофејниот клуб на Стариот континент, освои две титули во Ла Лига, исто толку и во Копа Дел Реј и Суперкупот на Шпанија, а има пехари и во европскиот и светскиот супер куп.

Реал ја елиминира Валенсија на пенали во полуфиналето во Ријад, откако во регуларниот дел беше 1:1, а и Барса на ист начин по пенал серија го исфрли Бетис од игра, откако по 90 минути беше 1:1, а по 120 пак беше нерешено 2:2.

 

- Оглас -

Најнови вести