Роналдо два месеца се бунеше, но на крајот попушти…

Во Јувентус има традиција меѓу играчите за тие што ќе ја прекршат клупската дисциплина. Но, наместо парична казна, играчот е должен да им купи на останатите подароци. Во таква ситуација се најде Кристијано Роналдо непосредно по стартот на кариерата во дресот на Старата дама.

Португалецот заработи црвен картон против Валенсија во меч од групната фаза и само по 15 минути го заврши мечот на „Месталја“. Голманот Шченсни откри дека Роналдо два месеци се бунел, но на крајот попушти и ја испочитувал традицијата.

„Кога му го соопштија правилото, се бунеше два месеци. Кукаше дека ништо не направил, но правилото постои за да се почитува. На крајот сите добиме „Mac“ компјутери, беше доста дарежлив“, откри Шченсни, а потоа додаде дека и самиот морал да купува подароци за екипата.

„И јас еднаш морав да го отворам ќесето. Ги помешав деновите, Алегри ми се јави да праша каде сум, а јас задоцнив на тренинг околу половина час. Соиграчите ме пречекаа со аплауз бидејќи знаеја дека ќе мора да купувам подароци, а сите добија најнов модел на слушалки“, додаде полскиот голман.

- Оглас -

Најнови вести