Роналдо е најдобар ветеран на европскиот фудбал, место има и за вечното момче Македонче, Горан Пандев

Горан Пандев доби уште едно големо признание и е избран меѓу најдобрите активни фудбалери што имаат над 34 години.

Капитенот на македонската репрезентација продолжува да изненадува со одличните игри и на 37-годишна возраст, па се најде во друштво на најдобрите ветерани во европскиот фудбал.

Популарниот Ил Мачедоне, како што го нарекуваат во Италија, е на 17-то место во изборот на „Гив ми спорт“ и е во одбрано друштво со Кристијано Роналдо, Златан Ибрахимовиќ. Серхио Рамос, Давид Силва, Тијаго Силва, Един Џеко и уште дузина познати фудбалски ѕвезди на возраст од 34 години или повеќе.

„Пандев ја освои триплетата со Интер во 2010 година и сè уште игра одличен фудбал. Има 37 години и си го оствари сонот да настапи на Европско првенство идната година со Македонија“, го објаснија својот избор новинарите на „Гив ми спорт“ за Пандев меѓу топ-ветераните во фудбалот и на 37-годишна возраст.

- Оглас -

Најнови вести