Роналдо ги направи „партал“, Црвените ѓаволи одговорија млако

Кристијано Роналдо направи вистински потрес со мегаинтервјуто со Пирс Морган, во кое жестоко го нападна својот сегашен клуб Манчестер јунајтед и менаџерот Ерик тен Хаг, а доби неочекувано млак одговор од клубските структури на гигантот.

Роналдо сигурно заврши со кариерата во Манчестер јунајтед по интервјуто во кое највпечатливо е обвинувањето дека Кристијано бил предаден од клубот и од него сакале да направат црна овца.

„Немам почит ни кон Тен Хаг бидејќи и тој нема кон мене“, се само дел од зборовите на Португалецот.

Од клубот засега се воздржани, а првичниот одговор на Црвените ѓаволи и млак и јалов.

„Манчестер јунајтед ги следи медиумските настапи на Роналдо. Клубот ќе ја разгледа ситуацијата кога ќе ги утврди сите факти. Нашиот фокус останува кон подготовките за продолжението на сезоната по Мундијалот. Ништо не може да ја наруши атмосферата и заедништвото што го градиме со сите структури во клубот“, одговорија од таборот на 20-кратниот англиски првак.

Роналдо ќе игра за Португалија во Катар на Мундијалот, а по интервјуто сигурно е дека нема да се враќа кај Црвените ѓаволи и ќе бара нов клуб во зимскиот преоден рок.

 

- Оглас -

Најнови вести