Роналдо ги пропушта дуелите против Хрватска и Шведска поради инфекција?!

Кристијано Роналдо поради инфекција на прст на десната нога веројатно ќе ги пропушти дуелите против Хрватска и Шведска во Лигата на нациите. Од таборот на репрезентацијата на Португалија денеска потврдија дека Роналдо не тренирал со екипата, а инфекцијата му ја третираат со антибиотици.

Роналдо е во трка со времето да го реши навреме проблемот и секојдневно се следи неговата ситуација, но засега неговиот настап е под ризик.

Европскиот шампион во сабота ќе ги одмери силите против Коцкестите во рамките од првото коло во Лигата на нациите во групата 3 од Сегментот А, додека на 8 септември е закажан дуелот против Шведска, кој ќе се одигра во Стокхолм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести