Роналдо го чека пекол во нокаут-фазата, можни ривали му се Барселона и Јувентус (Фото)

Манчестер јунајтед иако славеше со 0:1 во последното коло од групната фаза во Лигата на Европа на гостувањето кај Реал Сосиедад, на крајот заврши како второпласиран во групата Е. И Јунајтед и Реал Сосиедад имаат по 15 бода, но шпанскиот тим поради подобра гол-разлика, го освои првото место, а Црвените ѓаволи и Кристијано Роналдо ги чека пеколен ривал во нокаут-фазата.

Според пропозициите на УЕФА, второпласираните екипи во групната фаза во Лигата на Европа, во нокаут-фазата ќе играат против екипите што го освоија третото место во Лигата на шампионите.

Манчестер јунајтед и Кристијано Роналдо може да добијат неверојатно тежок ривал бидејќи можни противници им се поранешните европски шампиони Барселона, Јувентус и Ајакс, како и Севилја и Баер Леверкузен.

Португалецот три години го носеше дресот на Јувентус од 2018 до 2021 година и сигурно не би му било мило да игра против својот поранешен тим.

Меѓу можните противници му се два многу добро познати тима против кои често играше додека го носеше дресот на Реал Мадрид, тоа се Барселона и Севилја.

Португалецот како фудбалер на Реал Мадрид одигра дури 34 натпревари против Барселона и има негативен скор, 15 порази, 10 победи и 9 ремија, но обожува да игра против каталонскиот тим давајќи му дури 20 гола.

Ждрепката ќе се одржи в понеделник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести