Роналдо го доживеа најтешкиот пораз на официјален меч со Ал-Наср (Видео)

Во дербито на саудиската Про лига, Ал-Хилал го совлада Ал-Наср со 3:0 и му го нанесе најтешкиот пораз на Кристијано Роналдо на официјален натпревар откако на почетокот од годинава потпиша за тимот од Ријад.

Најубеливите порази на Ал-Наср се од конкурентите, Ал-Хилал (2:0) и Ал-Итихад (3:1), како и од Ал-Тавон (2:0).

Во дуелот на двата првопласирани тима во саудискиот шампионат славеше Ал-Хилал и тоа со головите на српските репрезентативци. Резултатот го отвори Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 64-та минута, а потоа на сцена стапи Александар Митровиќ.

Напаѓачот прво во 90-та минута погоди за 2:0, а две минути подоцна го постави конечниот резултат.

Ова не е најубедлив пораз за Ал-Наср откако Португалецот е дел од него, изминатото лето саудискиот тим во контролни натпревари загуби од Селта со 5:0 и од Бенфика со 4:1, но сепак ова не се официјални дуели.

 

- Оглас -

Најнови вести