Роналдо испрати полн авион со помош за жртвите во катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија

Кристијано Роналдо уште еднаш ја покажа својата хуманост откако испрати полн авион со помош за жртвите во разорните земјотреси во Турција и Сирија, пренесува „Дејли мејл“. Во земјотресите кои „дивееја“ минатиот месец во Турција и Сирија загинаа повеќе од 50.000 луѓе.

Фудбалерот на Ал-Наср, кој заработува 200 милиони долари по сезона, во погодените подрачја испрати многу шатори, пакети со храна, перници, ќебиња, кревети, храна за бебиња, млеко, лекови и други основни потребни продукти.

- Оглас -

Најнови вести