Роналдо како молња, истрча 92 метри за 14 секунди и даде гол (Видео)

Речиси и да нема меч на кој Кристијано Роналдо игра, а да нема некој рекорд или некое феноменално постигнување. Во дуелот против Германија, Португалците беа поразени, но сите се чудат на феноменалниот спринт што го имаше Роналдо.

Во 15 минута, Германија изведе корнер, токму Роналдо расчисти со глава од пред својот шеснаесетник и на тој начин отвори контра напад на Португалија. Кристијано тргна во неговиот препознатлив спринт и на крајот даде гол за 1:0.

Статистичарите пресметале дека Роналдо истрчал 92 метри за само 14,2 секунди, што е феноменално време за фудбалер во копачки и на полни 36 години.

 

- Оглас -

Најнови вести