Роналдо ќе игра до 40 години, но под еден услов

Некогашниот соиграч на Кристијано Роналдо од деновите кога играа во Манчестер јунајтед, Велшанецот Рајан Гигс смета дека Португалецот може уште долго да игра на високо ниво, но ако е во вистинскиот клуб.

Легендата на Јунајтед шест години играше со Роналдо и добро го познава.

„Не верував дека тој ќе дава толку многу голови. Беше талентиран и играч кој ве тера да вибрирате, постојано учеше, секогаш сакаше повеќе. Постојано беше во вежбална и си замислуваше колку добар може да биде. Даде 40 гола во една сезона за Манчестер и оттогаш направи неверојатна кариера“, се присетува Гигс.

Гигс играше за Црвените ѓаволи до својата 40-та година и верува дека и 35-годишниот Роналдо го може тоа.

„Тој може да игра и на 40 години ако е во вистинскиот клуб. Јас бев во вистинскиот клуб и знам како е, затоа не ми е проблем да си го замислам Кристијано како игра на 40. Се грижи за себе, се храни здраво, одмора колку што треба, тој е најголем професионалец со којшто сум играл“, вели Гигс.

Роналдо не покажува знаци на слабост, и на 35 игра добро, а сега пред него е целта да стане најдобар стрелец во историјата на фудбалот и светски рекордер според бројот на постигнати голови за национален тим.

- Оглас -

Најнови вести