Роналдо: Ќе му правам притисок на Оле Гунар да ме стави на терен уште од прва минута

Кристијано Роналдо гори од желба утре на мечот со Њукасл да биде меѓу стартерите на Манчестер јунајтед и со тоа да го означи почетокот на неговото враќање во Премиер лигата по пауза од 12 години.

„Не очекувам да играм против Њукасл. Се разбира, ќе бидам нервозен, но веќе сум зрел и искусен фудбалер, па ќе бидам подготвен. Ќе му правам притисок на Солскјер да ме пушти во почетниот состав, спремен сум, хахаха“, изјави 36-годишниот Роналдо, кој планира за Јунајтед да игра три до четири сезони.

„Дојдов за да му помогнам на тимот во следните пет години да освои титула. Не дојдов на одмор, туку за да победувам. Со поддршка од фановите, мислам дека сме способни за такво нешто. Можам да бидам важен играч во тимот во следните три-четири сезони“, вели Кристијано, кој од 2003 до 2009 година даде 118 гола во дресот на Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести