Роналдо ќе потпише договор со Ал-Наср до 2030 година!

Кристијано Роналдо е на чекор од реализација на трансферот во Саудиска Арабија, во тимот на Ал-Наср, тврди шпанската „Марка“. Според пишувањата, ќе биде потпишан седумгодишен договор вреден неверојатни 1,4 милијарди евра.

Ова е нов неверојатен детал ако се знае дека досега се зборуваше за договор на Роналдо и Ал-Наср од две години, но сега најавата е дека соработката ќе трае цели седум години.

Првите две и пол години Роналдо ќе биде играч, а потоа ќе работи како амбасадор на Саудиска Арабија во обид да ја добие организацијата на Светското првенство во 2030 година. За периодот во кој ќе биде фудбалер, Роналдо ќе добива по 200 милиони евра по сезона, додека за времето што треба да го помине како амбасадор, ќе заработи уште повеќе пари.

- Оглас -

Најнови вести